ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска напладне одржа прес-конференција и средба со граѓанките и граѓаните, како и со заинтересираните политички субјекти пред Собранието на Република Македонија, непосредно пред почетокот на последната парламентарна седница, пред распуштањето на Собранието, кое е закажано за утре.
“Избори со фантоми, избори со уцени, избори со злоупотреба на јавните пари, со нашите пари, избори со злоупотреба на администрацијата, со притисоци со насилство, со структурно насилство и со кршење на човековите права и слободи, не сакаме! Сакаме слободни избори! Tоа подразбира изборите да бидат организирани од институции кои се непартиски, кои се натпартиски, институции ослободени од партискиот диктат на партиите на власт”, изјави Дерала.
ЦИВИЛ – Центар за слобода бара “Владата да поднесе оставка бидејќи и онака е веќе десеткувана. Сметаме дека тие избори, слободни избори може да ги организираат институции и влада која не е инфицирана со сериозни индикации за тешки криминали и злоупотреби на моќта. Бараме слободни избори да се спроведат и преку институциите кој се најповикани за тоа, пред сé, Државната изборна комисија. Таа мора да се професионализира дополнително. Бараме изборите да се одложат намалку до крајот на септември, ако не и повеќе. Ќе почекаме…Толку време чекавме слободни избори, ќе почекаме уште малку, но тоа да биде време исполенто со работа, политичка волја, и се разбира, со владеење на правото.
На денешната средба пред Собранието, присуствуваа претставници на повеќе граѓански организации, слободни граѓани и граѓанки, како и бројни медиуми.
Марија Теговска
Соопштение на ЦИВИЛ, 5 април 2016
ВИДЕО: Соопштение на ЦИВИЛ, 4 април 2016