ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи прес конференција и средба со граѓанките и граѓаните, како и со заинтересираните политички субјекти денеска (6 април) пред Собранието на РМ, во 12 часот.
На средбата, ЦИВИЛ ќе го сподели со јавноста ставот дека слободни избори не се можни на 5 јуни и дека владата треба да поднесе оставка поради неуспехот да го спроведе Договорот за надминување на политичката криза, потпишан во Пржино (2 јуни/15 јули 2015.), а со тоа оневозможи и создавање услови за одржување слободни избори во Република Македонија.
Со фантоми – НЕ! Со уцени – НЕ! Со насилство – НЕ! Со наши пари – НЕ! Со корупција – НЕ! Со лаги – НЕ!