• Për Civilin
  • Impresum
  • Kontakt
DREJT
  • Ballina
  • POLITIKË
  • MONITORIM
  • EKONOMI
  • MENDIMI I LIRË
  • AKSION
  • BOTA
  • KULTURË
                      
No Result
View All Result
  • Ballina
  • POLITIKË
  • MONITORIM
  • EKONOMI
  • MENDIMI I LIRË
  • AKSION
  • BOTA
  • KULTURË
No Result
View All Result
DREJT
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Синото братство“ на вонреден технички преглед!

April 5, 2016
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата, според основниот правен акт во кој се дефинира нејзината улога, има функција да ги штити и почитува човековите слободи и права гарантирани со Уставот. Должна е да постапува без дискриминација и непристрасност и да не применува никаков физички или психички притисок. Мора да ги почитува основните цивилизациски вредности, како што се забраната за мачење, почитувањето на презумцијата на невиност и сите други начела кои не одвојуваат од примитивните заедници во кои човечкиот живот се цени како црното под ноктите.

Томислав Кежаровски
Пишува: Томислав Кежаровски

Но, ако се земе предвид постапувањето на дел од полицајците, не е тешко да се заклучи дека цитираните законски одредби не се ништо друго освен „мртво слово на хартија“.

Според владеењето на правото и демократското општество, според „Уставот и законите“, Гордана Јанкуловска наредуваше, а полицајците легнуваа на земја, откако прво ќе клоцнеа неколку пати без никој да види, или, со образложение дека „тоа така треба“, оти нели, наводно, даваш отпор, па ставаа и цевки од оружје до чело. Со ист жар, меѓутоа, не се процесуираа „нашите“ и „предавниците“.

Често се случуваше „низ раце“ на полицајците да им поминат и сосем невини луѓе кои никогаш не биле во каква било врска со криминал.

А кога „експертските тимови“ ќе ставеа некого „во игра“ и кога со тој човек ќе одиграа партија бејзбол, тој ќе пропее(ше) како славеј и „ќе се сетеше за сé“. Оние кои на овој начин се третирани, ќе раскажат сé од „а до ш“. Ќе зборуваат и за она што го знааат и за она што дотогаш не знаеле дека „знаат“.

Физичката рехабилитација и закрепнување, по поминати разговори со диригиран обвинител и послушен истражен судија, и периодите во притвор или затвор, често траат и со години, а последиците не можат секогаш целосно да се излекуваат. Понатаму, психолошките лузни ги обележуваат жртвите до крајот на нивниот живот и често ги спречуваат да имаат нормален живот што ги исполнува.

Туку, на што да се надеваме, кога за нашата безбедност се грижат, или се грижеа, вооружени курсисти кои, барем дел од нив, во Риплиевски случаи, прво дипломираа или магистрираа, а отпосле завршуваа средно училиште.

Секој може да стане жртва, особено во општествата во коишто нема традиција на владеење на правото, или поточно, каде што законите и обврските што тие ги наложуваат, ретко се почитуваат.

Државата во која постои таков неконтролиран апарат за физичка сила не може да биде нормална држава, не може да биде ништо освен – „банана држава“.

Многумина во Македонија ја загубија вербата во полицијата! Големата ароганција и дрскоста на органите на редот во спроведување на законот во секојдневните животни ситуации, предизвикува гнев на даночните обврзници кои ги издржуваат.

Секоја чест на полицајците кои коректно и професионално си ја вршат работата и на кои сигурно им пречи тоа што плевелот го изеде житото, и што е фрлена дамка врз целата професија.

Неуспехот на реформите на полициските сили е еден од клучните причини за ваквата состојба. Клучните слабости се непостојната пирамидална, субординациска структура и недоволно прецизните инструменти.

Што да се стори? Ако јас се прашувам… Дојдено е време во самото „сино братство“ некои работи коренито да се променат. Не само со оставки и смена на послушниците и поданиците, туку и да се напушти мрачната пракса за штитење и прикривање кога некој од шефовите ќе изврши кривично дело. Треба да се земе челична метла в раце, (иако некои можеби и ќе се побунат, тое е неизоставно потребно), и објектот на „Димче Мирчев“ бб, да се исчисти како Авгиевите коњушници…

Tags: Гордана ЈанкуловскадржавакриминалМакеоднијаполицијаТомислав КежаровскиУставУставен судЦивил
Next Post

Dorëheqje e qeverisë, tash!

Градоначалникот на Берово му забранил пристап на новинар!

[mc4wp_form id=”34312″]

  • Ballina
  • Bibliotekë digjitale
  • Cart
  • Checkout
  • Facebook Demo – Customizer
  • FJALORI I GJELBËR
  • Home
  • Home(Ballina)
  • Impresum
  • Instagram Demo – Customizer
  • Kontakt
  • My account
  • Për CIVIL
  • Shop
  • Subscription

© 2021 CIVIL - Center For Freedom

No Result
View All Result
  • POLITIKË
  • MONITORIM
  • EKONOMI
  • MENDIMI I LIRË
  • AKSION
  • BOTA
  • KULTURË
  • Për Civilin
  • Impresum
  • Kontakt

© 2021 CIVIL - Center For Freedom