Фатон Алити од ПДП, на јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“, во своето обраќање рече дека еден од условите за избори е и потребата од Закон за медиуми и свест кај медиумските работници за саморегулација.
“Никако не можеме да зборуваме за минимални услови за избори. Потребен е Закон за медиуми, но тој закон нема како со магично стапче да го реши тој проблем. Треба свест и кај новинарите, уредниците… Тука е и Извештајот на Прибе кој воопшто не е имплементиран. Ако направиме збир на сето ова, доаѓаме до заклучок дека за времето кое е останато нема да се создадат услови за избори на 5-ти јуни. Предлогот за експертска Влада е добар, но таа влада не може предолго да владее, затоа што ни следуваат и локални избори”, изјави Алити.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=orZDDHFhWIs&index=17&list=PL8OKOBhUT4xBTqwyk989YA7ZQD_mKw-ht[/youtube]