Ердоган Сарач од ДНЕТ, на јавната дискусија „Плурализмот и политичката криза“, во организација на ЦИВИЛ- Центар за слобода, одржана на 4 април, во своето обраќање посочи дека Македонија се однесува како држава само на Македонците и Албанците.
„Ништо не е променето од денот кога се одлучи изборите да бидат на 5-ти јуни. Наша цел е да владее правото, да се деполитизираат институциите и Македонија да биде правна држава. ДИК ме разочара затоа што не покажа дека има капацитет за кратко време да успее да го прочисти Избирачкиот список“, изјави Сарач.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=g-PSsOfDpWU&list=PL8OKOBhUT4xBTqwyk989YA7ZQD_mKw-ht&index=7[/youtube]