Членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода и граѓански активисти денеска излегоа пред Собранието на Република Македонија со барање за слободни избори, напладне, еден час пред започнувањето на собраниската седница. #СлободниИзбори – ДА, изборна кражба – НЕ, беше слоганот со кој се обратија на јавноста и на пратениците.
Истовремено, пред еден од службените влезови на Собранието на РМ, екипа на ЦИВИЛ Медиа ги пречекуваше пратениците со прашањето: „Дали се можни слободни избори на 5 јуни?“ Одговор на ова прашање дадоа Даниела Рангелова, Весна Пемова и Олга Најденова од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Милевски од ЛДП, Љубиша Николиќ и Сашо Поцков од СДСМ.